• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Општина Ѓорче Петров 2.465 м² нови подови во основните училишта

Во Општина Ѓорче Петров 2.465 м² нови подови во основните училишта

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Во продолжение на напорите за подобрување на условите за образование, градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во тековните активности за реновирање на подовите во основните училишта на територијата на општината. Во фокусот на вниманието беа подрачното училиште на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ООУ „Мирче Ацев“, каде што се реализираше замена на оштетените подови, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Вкупно 2.465 квадратни метри подови ќе бидат обновени во сите училишни објекти, со цел да се осигураат подобри и побезбедни услови за учениците и наставниот кадар. Оваа иницијатива е дел од поширокиот план за модернизација на образовната инфраструктура, која има за цел да ги подобри условите за престој и работа во сите училишта на територијата на општината.

-Образованието е приоритет, а наша должност е да обезбедиме квалитетни и безбедни услови за нашите ученици. Со овие активности, ја осигураме иднината на нашите деца и истакнуваме дека инвестициите во образование се најдобриот можен избор за една заедница, истакнал Стојкоски.

Општината, велат оттаму, останува посветена на продолжување на ваквите проекти, со цел да се осигура дека секој ученик ќе има пристап до модерни и инспиративни училишни простории. сст/

фото Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан