• сабота, 23 ноември 2024

Во Општина Штип за претседателските избори излезноста е 29,30 проценти, а за парламентарните 25,73 отсто

Во Општина Штип за претседателските избори излезноста е 29,30 проценти, а за парламентарните 25,73 отсто

Штип, 8 мај 2024 (МИА) - На територија на Општина Штип своето право на глас за претседателските избори го исполниле 29,30 проценти, а за парламентарните избори 25,73 отсто, информира претседател на ОИК Штип.

МИА го посети избирачкото место 2300, претседателката на Избирачкиот одбор,  Сања Гацов вели дека поголема излезност очекуваат во попладневните часови

-Во избирачкото место 2300 до сега се се одвива во најдобар ред имаме добра излезеност очекуваме поголема излезност во попладневните часови. Се тече мирно во најдобар ред, убик апаратот е во одлична состојба и сме задоволни сега за сега. До сега гласаат и за парламентарните и за претседателските паралелно, нема опструкција, изјави Гацов.

На избирачките места во Општина Штип претседателите потврдуваат дека избрирачкиот процес се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, со што очекуваат дека ќе заврши и така.

Речиси 30 отсто од гласачите го остариле своето право на глас до 13 часот, потврија и од изборното место 2295 во основното училиште „Ванчо Прќе". Очекуваат излезноста да се зголеми во попладневните часови.

Инаку во Штип денеска работат дел од фабриките и конфекциите, па затоа се очекува поголема излезност на двојните избори во попладневните часови. Според податоците на ДИК во третата изборна единица граѓаните гласаат и за избор на претседател и на пратеници. Разликата од неколку процентни поени се појавува, бидејќи има избирачи кои наполниле 18 години за Парламентарните избори. вдј/свс/

Фото: МИА 

Остани поврзан