• четврток, 26 декември 2024

Во Општина Новаци до 17 часот гласале 69,1, а во Општина Могила 54,44 проценти од вкупниот број избирачи

Во Општина Новаци до 17 часот гласале 69,1, а во Општина Могила 54,44 проценти од вкупниот број избирачи
Новаци/Могила, 17 октомври 2021 (МИА) - Локалните избори во пелагониските општини Новаци и Могила се одвиваат непречено и демократски. Во Општина Новаци на 24 избирачки места до 17 часот на гласање излегле и гласале 69,1 процент од вкупно 2.868 избирачи регистрирани во Единствениот избирачки список, изјави Благој Петровски, претседател на ОИК-Новаци. Во Општина Могила на 23 избирачки места до 17 часот гласале 54,44 проценти од избирачите. Во таа општина право на глас имаат 5.193 лица, потврди Славко Велевски, претседател на ОИК-Могила. мт/цр

Остани поврзан