• петок, 27 декември 2024

Во општина Македонски Брод до 11 часот излезноста е 18.7 проценти

Во општина Македонски Брод до 11 часот излезноста е 18.7 проценти
Македонски Брод, 31 октомври 2021 (МИА) - Излезноста на граѓаните во општина Македонски Брод до 11 часот е 18.7 проценти. - Во изминатите два часа излезноста во нашата општина се зголеми за повеќе од двојно. Така од 400 гласачи колку што се изјасниле до 9 часот, нивниот број до 11 часот порасна на 931 или повеќе од двојно и од осум проценти колку што беа регистрирани во 9 часот. Во 11 часот излезноста достигна 18,7 проценти. Во изминатите два часа се протекна во најдобар ред и очекуваме така и да продолжи гласањето до затворањето на избирачките места. Нашите прогнози дека излезноста и овој пат ќе биде голема се потврдија и по вториот пресек, кога имавме удвојување на излезноста на гласачите, истакна Лена Милошеска од ОИК за Македонски Брод. за/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан