Во Општина Маврово и Ростуше се расчистуваат риголите и каналите покрај локалните патишта
- Комуналните служби на Општина Маврово и Ростуше, се мобилизирани и моментно спроведуваат акција за расчистување на риголите и каналите покрај локалните патишта низ целата територија на општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.
Дебар, 12 декември 2025 (МИА) - Комуналните служби на Општина Маврово и Ростуше, се мобилизирани и моментно спроведуваат акција за расчистување на риголите и каналите покрај локалните патишта низ целата територија на општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

Се оценува дека оваа активност е од клучно значење за претстојниот период, бидејќи расчистените риголи овозможуваат непречено одведување на атмосферските води, со што се спречува поплавување на коловозите.
- Чистите риголи значат поголема безбедност и подолг век на траење на локалната патна инфраструктура. Ваквите акции ќе продолжат се до расчистување на сите локални патишта на територијата на општина Маврово и Ростуше, нагласуваат од општината.
Како што наведуваат, оваа активност е по насока дадена од повереникот со надлежности на градоначалник, на општината Онер Јакупоски.
- По насока на Јакупоски општинските служби, водени од принципот услуга за сите без никаква селективност, спроведуваат системско и темелно решавање на долгогодишните проблеми со уличното осветлување во сите населени места во општината, посочуваат од општината.
Додаваат дека „досегашните парцијални интервенции сега се заменуваат со сеопфатен акционен план“. вт/лв/
Фото: Општина Маврово и Ростуше