• среда, 25 декември 2024

Во општина Карпош отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност за поддршка на граѓаните

Во општина Карпош отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност за поддршка на граѓаните
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - Ресурсен центар за енергетска ефикасност што ќе им нуди широк спектар на услуги на граѓаните како што се совети, информации, директни консултации, застапување,..., денеска е отворен во  просториите на општина Карпош. Центарот ќе функционира во просторијата во ЗЕЛС (сегашна архива) секој работен ден од 7:30 часот до 15:30 часот со стручните лица од секторот за Екологија и eнергетска ефикасност од општината. -Ресурсниот центар е наменет пред сѐ за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства кои живеат во станбени згради, со посебен фокус на најранливите групи граѓани, како што се постарите лица кои живеат сами, корисниците на социјални станови, пензионерите со ниски примања, самохраните родители, лица со попреченост,.... Ги опфаќа и заедниците на сопственици, компаниите за управување со станбени згради, компании кои спроведуваат мерки за енергетска ефикасност од бизнис секторот, енергетски контролори, архитектонски фирми и градежни компании, даватели на финансиски инструменти како банки и микро-финансиски институции, институции на националната и локалната власт и сите граѓански организации кои иницираат и спроведуваат активности за заштита на животната средина преку подобрување на состојбата со енергетска ефикасност, велат од општина Карпош. Нагласуваат дека Ресурсниот центар е отворен во рамки на проектот ComAct - Активности за намалување на енергетската сиромаштија во станбени згради кој во нашата земја го спроведува Хабитат Македонија во општините Карпош и Кавадарци. -Овој центар ќе се користи и во рамките на проектот „REPLACE“ со кој изработената алатка „калкулатор“ ќе им овозможи на граѓаните изработка на техно економска анализа како да ги заменат системите за греење и ладење со фосилни горива со системи од обновливи извори на енергија. вј/лв/

Остани поврзан