• сабота, 23 ноември 2024

Во Општина Илинден доделени решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Во Општина Илинден доделени решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Во просториите на Општина Илинден градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди, информираат од Општина Илинден. 

Градоначалникот Георгиевски истакнал дека Општината и оваа година ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел, како што рекол, да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

Од Општината појаснуваат дека оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2024 година, која траела до 30 април оваа година. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. сст/цр/

фото Општина Илинден

Остани поврзан