• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Општина Битола се одржа отворен ден со градоначалникот Тони Коњановски

Во Општина Битола се одржа отворен ден со градоначалникот Тони Коњановски

Битола, 19 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и дел од раководителите на општинските одделенија и сектори, организираа и одржаа отворен ден со граѓаните.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека најголемиот дел од прашањата за кои граѓаните побарале решение се од комуналната сфера, образование и социјална заштита.

-На денешниот отворен ден, беа доставени и предлози и иницијативи за организација на нови, и дополнување на постоечките програми со нови содржини, како и предлози за уредување на повеќе локации. Граѓаните се информираа и за теми поврзани со економската состојба во општината и можностите за нови вработувања, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Градоначалникот Тони Коњановски и во следниот период ќе продолжи со одржување отворени денови со граѓаните. мт/дма/

 

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан