• среда, 25 декември 2024

Во општина Шуто Оризари во јуни подигнати и транспортирани 600 тони комунален отпад од домаќинствата

Во општина Шуто Оризари во јуни подигнати и транспортирани 600 тони комунален отпад од домаќинствата

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ -Скопје денеска информира дека само во текот на јуни, се подигнати и транспортирани вкупно 600 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари, а секојдневно се врши и машинско миење на улиците што се во надлежност на Градот Скопје.

Како што се посочува во соопштението, ЈП Комунална хигиена-Скопје  континуирано го собира и го транспортира комуналниот отпад на територијата на скопската општина Шуто Оризари, во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.

И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје најави дека ќе продолжи со континуирани секојдневни активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во оваа скопска општина. цр/бак/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан