• понеделник, 06 јануари 2025

Во Нова Битола отстранети „диви“ гаражи и исчистен комунален отпад

Во Нова Битола отстранети „диви“ гаражи и исчистен комунален отпад

Битола, 5 јануари 2025 (МИА) -Локалните јавни претпријатија „Комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“ го исчистија просторот во Нова Битола каде што претходно беа поставени педесеттина времени објекти, „диви“ гаражи.

Увид на локациите изврши градоначалникот Тони Коњановски и најави динамика на расчистување на сите локации каде што веќе се отстранети времените објекти.

-Просторот наскоро ќе биде соодветно уреден и одржуван за поубава Битола за сите граѓани. Воедно мило ми е што во акцијата за отстранување на времените објекти соработуваше локалното население, посочи Коњановски.

Отстранувањето на времени објекти гаражи се изврши согласно одлука на Советот на Општина Битола, а со цел уредување на земјиштето според деталниот урбанистички план на градот. мт/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан