• среда, 25 декември 2024

Во Нигерија уништени 255 хектари полиња со канабис

Во Нигерија уништени 255 хектари полиња со канабис
Абуџа, 23 февруари 2022 (МИА) – Нигериската агенција за борба против дрога денеска соопшти дека уништила 255 хектари полиња со канабис и уапсила 13 лица во југозападната држава Ондо. Во последните години во најнаселената африканска земја се регистрира ескалација на одгледување и консумирање марихуана, иако тоа е нелегално. - Оперативните припадници на Националната агенција за борба против дрога (NDLEA) уништија вкупно 255 хектари фарми за канабис во седумдневна операција, изјави портпаролот на агенцијата Феми Бабафеми. - Покрај тоа, уапсени се 13 осомничени и пронајдени се 250 килограми семе од канабис, како и 63,85 килограми плевел канабис, додаде тој. јт/

Остани поврзан