• четврток, 19 декември 2024

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата

Во Нигерија се удавиле околу 100 џихадисти кои бегале од офанзива на армијата
Кано, 5 септември 2022 (МИА) - Околу 100 џихадистички борци  се удавија во реката Језарам, во североисточна Нигерија, во обид да избегаат од воената копнена и воздушна офанзива, соопштија денеска извори блиски до тамошните безбедносни сили. Нигериската армија минатата недела ја почна офанзивата за да ги истера џихадистите од неколку села покрај реката Језарам. Сакајќи да ја препливаат реката, многу од уморните џихадисти се удавиле. Реката Језарам се наоѓа во нигериската држава Борно, во близина на шумата Самбиса, главното скривалиште на исламистичките групи Боко Харам и африканскиот огранок на Исламската држава. Воени претставници изјавија дека армијата ги нападнала џихадистите кои морале да ги напуштат своите позиции и да побегнат. Во таа офанзива загинаа четворица нигериски војници. Според податоците на ОН, во конфликтот меѓу нигериските власти и џихадистите, кој почна пред 13 години, досега загинале 40.000 лица, додека два милиони биле принудени да ги напуштат своите домови. сд/

Остани поврзан