Во Неготинско реализиран традиционален планинарски марш „По патот на виното“
- „По патот на виното“ е насловен планинарскиот марш што денеска беше реализиран во Дисанијата, регион во Неготинско, познат по производството на квалитетни грозје, вино и ракија. Планинарите испешачија петнаесетина километри.
Неготино, 17 ноември 2024 (МИА) - „По патот на виното“ е насловен планинарскиот марш што денеска беше реализиран во Дисанијата, регион во Неготинско, познат по производството на квалитетни грозје, вино и ракија. Планинарите испешачија петнаесетина километри.
Настанот беше организиран од планинарите од „Фри хајкерс“, а учество зедоа голем број планинари од земјава и од странство.
Планинарската акција стартуваше од селото Долни Дисан. Потоа планинарите ги искачија месностите „Чешма Јануица“, „Венецот“ и „Студена Вода“ и се спуштија до планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев“. Планинарите имаа можност да дегустираат лозарски производи од Тиквешијата како ракија, вино, маџун и пчеларски производи што потекнуваат од самата Дисанија, како и други традиционални производи од ова поднебје.
-Целта е да се промовираат прекрасната природа и убавините на Дисанијата, како и локалното производство, а истовремено да се подигне свеста за значењето на здравиот начин на живот како предуслов за добро психофизичко здравје, подвлекоа организаторите на настанот. свд/вг/
Фото: МИА