• петок, 27 декември 2024

Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи

Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи

Неготино, 12 октомври 2023 (МИА) – Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“.

Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион и ќе се користат како биоиндикатори за биолошки мониторинг на аерозагаденоста и постоење на јасна врска помеѓу загадувањето на воздухот и видовите на лишаи.

Претседателот на ова регионално еко здружение, што се залага за заштита на животната средина, Сашко Тодоров појасни дека со проектот ќе се врши мониторинг врз загадувањето на воздухот во општината. Тој нагласи дека лишаите се одлични биоиндикатори за определување на степенот на аерозагаденост и типот на загадувач во урбаните средини.

Активностите се дел од проектот ,, Пустиња на смогот ", што се спроведуваат од страна на Здружението на граѓани „Ековита“ во соработка со Здружението на граѓани „Антигонеа бајкинг“, а поддржан од Македонското здружение на млади правници МЗМП, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН, Центар за климатски промени и Здружение на млади „Креактив, во рамки на проектот „Младински активизам за позелени општини“, финансиски поддржан од Европската Унија. свд/ир

Фото: „Ековита“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан