• понеделник, 29 јули 2024

Во Неготино тактичко-показна вежба за евакуација и спасување при пожар за ученици и вработени во училиште

Во Неготино тактичко-показна вежба за евакуација и спасување при пожар за ученици и вработени во училиште
Неготино, 1 ноември 2022 (МИА) - Во централното основно општинско училиште „Гоце Делчев" во Неготино денеска беше изведена тактичко-показна вежба за евакуација и спасување при пожар, за ученици и вработени.
- По дојава за пожар во училиштето, ТТПЕ-Неготино интервенираше со 10 пожарникари и две противпожарни возила, за една минута и 33 секунди учениците и вработените беа евакуирани. Оваа вежба беше во насока на едукативно и превентивно делување, за тоа како во случај на пожар, треба да се врши евакуација и како да се преземат сите неопходни чекори, за заштита од пожар, најпрво за луѓето, а потоа и на материјалните добра, појасни директорката, Елена Стојанова.
Таа додаде дека вежбата беше успешно реализирана во соработка со ТППЕ, Дирекција за заштита и спасување, Полициска станица и Црвен крст Неготино.свд/

Остани поврзан