Во Неготино се одржа турнир во гол-бал за лица со оштетен вид
- Турнир во гол-бал за лица со оштетен вид се одржа денеска во Неготино, во пресрет на утрешниот празник на градот, кога се одбележуваат 79 години од ослободувањето.
Неготино, 7 ноември 2023 (МИА) - Турнир во гол-бал за лица со оштетен вид се одржа денеска во Неготино, во пресрет на утрешниот празник на градот, кога се одбележуваат 79 години од ослободувањето.
- Традиционално, како и секоја, така и оваа година во рамките на спроведувањето на програмата за одбележување на празникот на општината Неготино, 8 Ноември, во нашиот град се одржа турнирот во гол-бал на кој учествуваат лица со оштетен вид. Настанот е во организација на општината Неготино и Здружението на слепи лица на локално ниво, а учество на турнирот зедоа три екипи и тоа од градот домаќин, од Струмица и соседно Кавадарци, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Тој додаде дека станува збор за специфична и мошне напорна игра, во која сите учесници го даваат максимумот за да постигнат подобри резултати.
- По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на најуспешните им беа доделени дипломи и признанија за учеството на турнирот, соопшти Стојанов. свд/мд/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов