• четврток, 12 февруари 2026

Во Неготино приведено лице барано по потерница за издржување затворска казна

Во Неготино приведено лице барано по потерница за издржување затворска казна

Неготино, 22 јануари 2026 (МИА) - Во Неготино е приведено лице барано по потерница за издржување затворска казна, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

- Вчера во 12 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го приведоа Џ.Н.(33) од Велес. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопштија од СВР Велес. свд/са/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан