• четврток, 26 декември 2024

Во Неготино и Демир Капија стартуваше гласањето за претседател на државата и пратеници 

Во Неготино и Демир Капија стартуваше гласањето за претседател на државата и пратеници 

Неготино /Демир Капија, 8 мај 2024 (МИА) - Во Неготино и Демир Капија изутринава стартуваше гласањето на претседателските избори. Од општинските изборни комисии информираа дека навреме се отворени сите избирачки места.  

-Сите 28 избирачки места навреме се отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори и изборот за пратеници во Парламентот, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија (ОИК) Неготино, Елизабета Камчева. 

Таа потсети дека вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа вчера во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори.

- Гласаа 71 маж и 94 жени,  1 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева. 

Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК. Денеска, се гласа на 11 избирачки места. свд/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан