• четврток, 26 декември 2024

Во Неготино граѓаните водат сметка при потрошувачката на енергија, покажува спроведената анкета за енергетска ефикасност

Во Неготино граѓаните водат сметка при потрошувачката на енергија, покажува спроведената анкета за енергетска ефикасност
Неготино, 7 март 2023 (МИА) - Добар дел од граѓаните, водат сметка при потрошувачката на енергија и внимаваат од повеќе аспекти на енергетската ефикасност, е заклучокот до спроведеата пишана анкета помеѓу граѓаните во Неготино на тема енергетска ефикасност, во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион со седиште во Неготино. 
 
Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов денеска информираше дека биле анкетирани 140 граѓани, кои одговарале на 10 поставени прашања, со понудени одговори од областа на енергетската ефикасност.
 
- Така, на 77,14 отсто од нив им е јасен поимот енергетска ефикасност, 68,57 проценти во своите домови спроведуваат мерки за енергетска ефикасност, 80 отсто сметаат дека во општината има потенцијали за обновливи извори на енергија, а 77,14 проценти дека енергетската ефикасност има многу влијание врз животната средина. Согласно анкетата, 64,23 отсто од граѓаните имаат поставено сончеви колектори за санитарна топла вода, 84,28 проценти би поставиле фотоволтаици за производство на електрична енергија за сопствени потреби, а дури 91,42 отсто од анкетираните, изјавиле дека при купување, водат сметка за енергетската класа на уредите за домаќинствата, соопшти Стојанов. 
 
Анкетата покажала, нагласи градоначалникот, дека енергетската ефикасност има значајно место во секојдневното живеење на граѓаните на општината Неготино. свд/ 
 
Фото : МИА    

Остани поврзан