• четврток, 26 декември 2024

Во невремето во Подгорица настрадаа и врапчињата

Во невремето во Подгорица настрадаа и врапчињата
Подгорица, 5 август 2020 (МИА) - Силното невреме што синоќа погоди поголем дел од Црна Гора, ги поплави улиците во Подгорица и причини материјална штета. Црногорските медиуми објавија дека во невремето во Подгорица настрадаа и врапчињата, кои утрово можеа да се видат на улиците на главниот град на Црна Гора. Орнитологот од Центарот за заштита и проучување птици во Црна Гора, Бојан Зековиќ, смета дека невремето е причина за масовното угинување на птиците. - Периодов врапчињата штотуку завршија со гнездење и се собираат во големи јата. Тоа им овозможува заштита од грабливци и ги прави побезбедни, но не и од вакви катастрофи... Со оглед на климатските промени и зголеменото затоплување на атмосферата, овие сцени ќе бидат почести, изјави Зековиќ. Како што известуваат надлежните, дел од паднатите птици не биле угинати. си/ми/

Остани поврзан