• четврток, 26 декември 2024

Во М.Каменица во тек активности за подобрување на капацитетите на водоводната мрежа

Во М.Каменица во тек активности за подобрување на капацитетите на водоводната мрежа

Македонска Каменица, 14 септември 2023 (МИА) – Во Македонска Каменица во тек активности за рационално искористување на капацитетите на водоводната мрежа. За таа цел како што информираа од Општината реализирани се повеќе активности кои ќе го подобрат функционирањето на постоечкиот водовод.

- Во моментот активно работиме на изградба на нова водоводна линија кај градскиот базен и отстранување на дефекти на улица Самоилова, како мерка за спречување на постојаните загуби на вода за пиење во тој дел од градот, информираа од Општината.

Паралелно како што додадоа се врши санација на канализациската мрежа на повеќе локации во градското подрачје.

- Во таа насока инсталиравме нови шахти и линии на улиците Новопроектирана и Илинденска, како и изградба на нова канализациска линија за потребите на жителите од село Моштица. Исто така поставивме приклучни шахти за инсталирање на нови водомерни единици за корисниците од Индустриската Зона во Македонска Каменица, додадоа од Општината.

Оттаму напоменаа дека работите на водоводната и канализациската мрежа ќе продолжат и во наредниот период, посочувајќи дека во рамки на останатите активности деновиве за потребите на жителите од колективните живеалишта на улица Каменичка, поставена е заштитна ограда долж пристапните скали до влезовите од објектите. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан