• четврток, 26 декември 2024

Во Москва уапсен политичарот Владимир Кара - Мурза

Во Москва уапсен политичарот Владимир Кара - Мурза
Москва, 12 април 2022 (МИА) - Рускиот опозициски политичар Владимир Кара - Мурза е уапсен во текот на вчерашниот ден, пред својата куќа во Москва, јави ДПА. Причините за апсењето се непочитување на наредба од полицаец, војник и службеник на федералната безбедносна служба. За ова дело, може да се одреди казна затвор до 15 дена. Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин, претходно изјави дека преживеал два обида за труење, за што ја обвинува руската тајна служба. Истражување спроведено од групата Белингкет (Bellingcat), покажало дека Кара - Мурза бил следен од агенти на руската тајна служба ФСБ, за кои, исто така, постојат сомнежи дека се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. бд/

Остани поврзан