• вторник, 12 ноември 2024

Поради закана од бомба во Москва евакуирана болница, во која има и пациенти од нападот во салата „Крокус“

Поради закана од бомба во Москва евакуирана болница,  во која има и пациенти од нападот во салата „Крокус“

Москва, 25 март 2024 (МИА) - Поради закана за поставени бомби денеска во Москва се евакуирани  700 лица од болницата „Пирогов“, во која се сместени настраданите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, јави рускиот портал Маш.

Порталот објавува дека до Националниот медицинско-хируршки центар „Пирогов“ било испратено писмо за можна експлозија.

Во известувањето се наведува дека станува збор за импровизирани експлозивни направи од фосфор со 40-минутен тајмер, кои наводно се сместени во четири ранци на неколку ката од медицинската установа.

Пациентите и персоналот се евакуирани од зградата, а на лице место пристигнала и итната помош.

Во терористичкиот напад во петокот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Подмосковље загинаа 137 лица. Пред настапот на групата Пикник, вооружени лица влегле во салата и отвориле оган врз публиката. Потоа дошло до експлозии и избувнал пожар.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка во врска со терористичкиот напад, а вчера четворицата приведени осомничени за извршување на масакрот беа изведени пред суд во Москва. Сите ја признаа својата вина, по што им беше определен притвор до 22 мај.сд/

фото:МИА

Остани поврзан