• недела, 24 ноември 2024

Во Мозамбик 33.000 луѓе избегале од насилство за една недела

Во Мозамбик 33.000 луѓе избегале од насилство за една недела
Јоханесбург, 17 ноември 2020 (МИА) - Најмалку 33.000 луѓе за само една недела заминале од северниот дел на Мозамбик поради насилството од страна на екстремисти, објави денеска Меѓународната организација за миграција.
Откако во август беше заземен стратешкиот пристаништен град Мокимбоа да Праја во провинцијата Кабо Делгадо, богата со природен гас, бунтовниците ги зајакнале нападите.
Во изминатите недели повеќе села биле нападнати, десетици цивили се убиени или киднапирани, меѓу кои има жени и деца. - Повеќе од 33.000 луѓе избегале кон југ во текот на изминатата недела, од кои повеќето биле принудени да ги напуштат своите домови по неодамнешните инциденти, се наведува во соопштението на ИОМ. Организацијата проценува дека над 355.000 луѓе побегнале од насилствата од 2017 година. гт/

Остани поврзан