• среда, 13 ноември 2024

Во Мичурин ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“

Во Мичурин ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Во населбата Мичурин во Општина Аеродром денеска ќе се означи почетокот на доградбата на Општинското основно училиште „Блаже Конески“.

Како што најавија општинските власти, настанот ќе се одржи во дворот на училиштето, а ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Почетокот на градежните работи ќе ги означи в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. бт/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан