• сабота, 27 јули 2024

Во Милано протест на угостителите

Во Милано протест на угостителите
  Рим, 16 мај 2020 (МИА) - Десетици сопственици на ресторани денеска протестираа пред главната железничка станица во Милано, незадоволни од новите правила за работа, што в понеделник стапуваат во сила. Незадоволните угостители тврдат дека мерките не се јасни и оти поради тоа страда целиот сектор, вклучително и производителите на храна. Демонстрантите носеа транспарент „Не отворам денеска за да затворам утре“, барајќи да не платат данок и конкретна помош. Во Италија со новиот коронавирус инфициррани се 223.885 луѓе, од кои 31.610 починаа, а оздравеле 120.205 лица. ми/  

Остани поврзан