• четврток, 26 декември 2024

Во Мелбурн рекорден број заразени и покрај двомесечното заклучување

Во Мелбурн рекорден број заразени и покрај двомесечното заклучување
Мелбурн, 30 септември 2021 (МИА) - Во Мелбурн бројот на заразени денеска достигна рекордно ниво, а лекарите ова го припишуваат на илегални домашни собири за гледање спортски настани за време на скоро двомесечното заклучување. Властите во Викторија, каде што се наоѓа Мелбурн, проценуваат дека речиси една третина од новите инфекции, од вкупно 1.438, може да бидат поврзани со домашни собири минатиот викенд, на кои се гледало големото финале на австралискиот фудбал. - Многу од овие случаи можеа целосно да се избегнат ... Не се обидувам да обвинам никого, само се обидувам да објаснам, бидејќи многу луѓе ќе се прашуваат како можеше да се случи тоа толку брзо, рече премиерот Даниел Ендрјус на прес - конференција. Половина од населението во државата над 16 - годишна возраст ја доби првата доза, што е под националниот просек од 53 проценти, бидејќивластите ги преполовија интервалите помеѓу примањето на вакцината Фајзер во државните центри за вакцинација на три недели по зголемувањето на залихите. паг/  

Остани поврзан