• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во МВР работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Во МВР работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржал работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд – Скопје, Апелациониот суд – Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.

Целта на средбата, соопштија од МВР, била дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.

- Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот, информираа од МВР. цр/лб/

Фото: МВР

Остани поврзан