• сабота, 23 ноември 2024

Во март 70,7 проценти од потрошената струја од домашно производство

Во март 70,7 проценти од потрошената струја од домашно производство
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Во март годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 798 667 мегават часови електрична енергија, 44.740 милиони нормални метри кубни природен гас, 446 801 тон јаглен и 110 788 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70,7  проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. лв/ац/

Остани поврзан