• четврток, 26 декември 2024

Во март еврозоната забележа суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија

Во март еврозоната забележа суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија

Брисел, 21 мај 2024 (МИА) - Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во март забележала суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Вредноста на стоките извезени од еврозоната во остатокот од светот во март 2024 година изнесува 245,4 милијарди евра, што е за 9,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани.

Евидентиран е пад на извозот од земјите од еврозоната кон САД, Велика Британија, Швајцарија и Русија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан