• вторник, 24 декември 2024

Во Мароко уште еден марш на солидарност со Палестинците

Во Мароко уште еден марш на солидарност со Палестинците

Казабланка, 20 мај 2024 (МИА) - Неколку илјади Мароканци одржаа уште еден марш во Казабланка за поддршка на палестинскиот народ и против нормализацијата на односите на Мароко со Израел, јавиja странските агенции.

Демонстрантите извикуваа „Слобода за Палестина“, „Ако молчиме, кој ќе зборува?“ и „Не за нормализација“. Многумина од толпата носеа палестински знамиња и марами.

Тие прошетаа низ главните улици во центарот на Казабланка на покана на Мароканскиот фронт, кој ги обединува левичарските партии и исламистичките движења.

Мароко и Израел ги нормализираа дипломатските односи во декември 2020 година.

Од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, во Мароко се одржаа неколку демонстрации со барање за ставање крај на нормализацијата, додека противењето на тоа беше ограничено дотогаш. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан