• четврток, 26 декември 2024

Во Малта отворено Европското првенство во снукер, македонската репрезентација со петмина играчи

Во Малта отворено Европското првенство во снукер, македонската репрезентација со петмина играчи

Сан Пауло Беј, 14 март 2023 (МИА) - Двократниот првак Берат Јашари е предводник на новата македонската репрезентација на Европското првенство во Малта. Заедно со него се уште и: Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев.

 

- Сите играат на добро ниво. Во овој момент Берат Јашари се издвојува и мислам дека тој може да изненади некого во Малта. Има капацитет за тоа. И Петар Панов има природен талент, а другите се веднаш зад нив. Генерално, нема потреба да учат за техниката, туку повеќе за меч тактиката. Би типувал дека Берат ќе добие шанса да влезе во елиминациските дуели, изјави Најџел Бонд, прославениот снукер играч, кој минатата година се повлече од професионалните настапи и ги предводеше подготовките на македонските репрезентативци.

 

Своите очекувања од ова ЕП ги искажа Лазар Лазаревски, претседател на снукер асоцијацијата.

 

- Нашите момци имаа напорна недела со подготовките, па потоа со патувањето до Малта. Им посакувам да останат фокусирани и сконцентрирани, во снукерот шансата доаѓа кога некој најмалку се надева. Ова е силен турнир, но цврсто верувам дека како федерација направивме сѐ што можевме за одлично да се презентираме. Минатата година на ЕП во Албанија ниту еден играч не успеа да ја мине групната фаза, оваа година очекувам дека ќе имаме претставник и во елиминацискуте дуели.

 

Европското првенство во Малта е во комплетна организација на европската федерација ЕБСА. зс/

Остани поврзан