• четврток, 26 декември 2024

Во Македонски Брод заврши имунизацијата на најстарите жители над 77 години

Во Македонски Брод заврши имунизацијата на најстарите жители над 77 години

Македонски Брод, 13 април 2021 (МИА) - Со вчерашната вакцинација  заврши имунизацијата на најстарите жители на Македонски Брод на возраст над 77 години и сега се чека од Министерството за здраство да се спушти старосната граница, за да продолжи вакцинацијата на нешто помладата популација, информира Жарко Симески директор на Здраствениот дом Македонски Брод.

-Вчера ја завршивме имунизацијата на најстарите жители на Македонски Брод на возраст над 77 години и сега чекаме да даде зелено светло Министерството за здраство, за да продолжиме со имунизација на нешто помладите наши сограѓани. Сеуште имаме слободни педест вакцини на „Астра Зенека“, со кои ќе продолжи вакцинацијата, каде се очекува да имаме повеќе наши жители заинтересирани да се вакцинираат. Досега имунизираните над 50 наши сограѓани без последици ја поднесоа првата вакцина на „Астра Зенека“ и очекуваме така и да продолжи, истакна Др Симески.

Тој појасни дека денеска на Инфективното оделение во Прилеп се упатени уште двајца новозаболени со потешка клиничка слика, а на овој оддел досега има згрижено четворица пациенти од оваа општина.

Во Општина Пласница и понатаму нема заинтересирани за имунизација со британската вакцина и според зборовите на докторката Белулоска, се чека да започне вакцинација со американската Фајзер или кинеската на Синофарм и тие да се вклучат во имунизацијата. за/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан