• понеделник, 29 јули 2024

Во Македонски Брод до 9 часот гласале осум проценти од вкупниот број избирачи

Во Македонски Брод до 9 часот гласале осум проценти од вкупниот број избирачи
Македонски Брод, 31 октомври 2021 (МИА) - Во општина Македонски Брод со 53 избирачки места и 4978 избирачи запишани на единствениот избирачки список до 9 часот гласале вкупно 400 граѓани или осум проценти од вкупниот број избирачи. Сите избирачки места биле навреме отворени, избирачките комисии во комплетен состав присутни на лице место, како и посматрачите од политичките партии и независните листи. - Во нашата општина сите избирачки места беа отворени во 7 часот со комплетни избирачки одбори. До 9 часот во нашата општина се изјасниле 400 граѓани или 8 проценти од 4978 избирачи запишани на единствениот избирачки список.Гласањето тече без проблеми и очекуваме и целиот изборен ден да протекне во ист амбиент.Ако се има во предвид искуството од првиот изборен круг кога општина Македонски Брод имаше рекордна излезност од над 73 проценти, тогаш за очекување е допрва бројките забрзано да растат и излезноста да се зголемува, истакна Лена Милошеска од ОИК за Македонски Брод. за/цр

Остани поврзан