• четврток, 26 декември 2024

Во Македонска Kаменица кандидатите за градоначалник го потпишаа Kодексот за фер и демократски избори

Во Македонска Kаменица кандидатите за градоначалник го потпишаа Kодексот за фер и демократски избори
Македонска Каменица, 24 септември 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица, пет кандидати за иден градоначалник на Општината го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Во присуство на Претседателката на Општинската изборна комисија сите се обврзаа дека ќе го почитуваат кодексот, нудејќи фер и транспарентна кампања. - Се обврзавме на една фер и транспарентна предизборна кампања на која ќе ги изнесеме своите идеи и програми пред граѓаните. Во изминатите години покажавме дека имаме капацитет да спроведуваме такви предизборни дејствија иа избори, граѓаните тоа го заслужуваат, рече Соња Стаменкова, актуелен и кандидат за градоначалник на М.Каменица од СДСМ и коалицијата. Канидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Димчо Атанасовски изрази надеж дека заложбите од потпишаниот кодекс ќе се реализираат и во пракса и притоа посака фер и демократски избори и многу среќа на сите кандидати. Освен кандидатите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во градоначалничката трка во М.Каменица на претстојните локални избори ќе учествуваат и тројца независни кандидати. Независниот кандидат Перо Митревски на жителите на Македонска Каменица им порача да излезат масовно и да гласаат без уцени, закани и страв. Неговиот колега Мирна Митревски изрази надеж дека наредната изборна кампања  натпреваруваме на многу идеи кои ќе се реализираат за подобро утре на граѓаните на Општина М.Каменица. Независниот кандидат Анѓелко Георгиевски очекува изборите да се одвиваат без закани, уцени, поткупи и лажни изјави, во фер и демократска атмосфера. Кодексот за фер и демократски избори утре ќе го потпишат и кандидатите за градоначлалници на Општина Делчево, а претходно истиот беше потпишан од страна на кандидатите за градоначалници на Општина Берово. вс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан