• четврток, 26 декември 2024

Во Македонска Каменица се воведува посебен сообраќаен режим

Во Македонска Каменица се воведува посебен сообраќаен режим
Македонска Каменица, 25 август 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица се воведува посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица. Мерката се воведува поради очекувана зголемена фреквенција на возила во периодот од 26-28 август, за кога е закажана манифестацијата Каменичко Културно Лето 2022. -Општина Македонска Каменица ги известува жителите дека поради претстојното „Каменичко културно лето 2022“ во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица. Поради тоа ги замолуваме граѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови, гаражи или на уредените паркинг простори во градот, информираа од Општината Оттаму апелираа граѓаните и возачите да се однесуваат согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред и мир, со цел непречено одвивање на зголемениот сообраќај во наведениот период од една, и заштита од несакани штети на возилата на граѓаните од друга страна. -Општина Македонска Каменица упатува огромна благодарност за соработката и разбирањето до граѓаните, со апел и надеж дека сите заедно, можеме да придонесеме, претстојното “Каменичко културно лето 2022” биде најубаво организиран културен настан во Македонија и пошироко во регионот, дополнија од Општина М.Каменица. Македонска Каменица на 28 август го слави тројниот празник, Ден на градот, Денот на рударите и христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на Општината. вс/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан