Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од Градскиот Кеј
- Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и пл
![Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од Градскиот Кеј](https://new.mia.mk/index.php/images/20221108171416_big_730x400_74.webp )
Македонска Каменица, 25 септември 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица привршува изградбата на последните 150 метри од кејот на Каменичка Река. Како што информираа од Општината, градежните работи се одвиваат според утврдената диманика и планот за работа, по што се очекува наскоро работите целосно да бидат завршени.
- Со реализирањето на оваа активност граѓаните на Македонска Каменица, наместо неуреден простор, добиваат уште едно катче за разонода, прошетки, спорт и рекреација, истакнаа од Општината.
Ваквите активности, додаде градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во работите, ќе продолжат и во наредниот период.
- Целта е со посветена работа Македонска Каменица да прерасне во модерна, развиена и современа Општина, додаде Стаменкова.
Паралелно од Општината додадоа дека продолжува уредувањето и на останатите површини во близина на Кејот на Каменичка Река. вс/цр
![Увид Кеј](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0/NeMT60aQu/placeholder.webp?use_watermark=0)