Во Македонска Каменица почнува изградба на два значајни локални патни правци
- СООПШТЕНИЕ - Локален пат во село Саса, од споменикот на Вера Јоциќ до Манастирот Св. Архангел Михаил, со должина од 1.420 метри и инвестиција од 7.000.950 денари, и - Локален пат во село Косевица, кој ќе го поврзе селото со маалото Караџевци, со должина од 1.500 метри и вредност од 7.047.790 денари.

Скопје, 10 март 2025
Започнуваме со изградба на два значајни локални патни правци во нашата општина. Денеска, успешно ја завршивме постапката за јавна набавка за изградба на:
- Локален пат во село Саса, од споменикот на Вера Јоциќ до Манастирот Св. Архангел Михаил, со должина од 1.420 метри и инвестиција од 7.000.950 денари, и
- Локален пат во село Косевица, кој ќе го поврзе селото со маалото Караџевци, со должина од 1.500 метри и вредност од 7.047.790 денари.
Со ефикасното планирање и со транспарентно спроведената постапка, остваривме заштеда од приближно 2,6 милиони денари - средства кои ќе бидат насочени кон нови инфраструктурни проекти.
Со реализацијата на овие патни правци, чија изградба ќе трае 6 месеци, значително го подобруваме пристапот до нашите значајни локации, како што е Манастирот Св. Архангел Михаил и условите за секојдневно движење на жителите од крајните населени места во Македонска Каменица.
Ова е уште едно исполнето ветување кон граѓаните, со што покажуваме дека нашата работа се темели на конкретни резултати. Продолжуваме со вложувања во инфраструктурата и изградба на подобра иднина за сите граѓани на Општина Македонска Каменица!
Ваш градоначалник,
Димчо Атанасовски
Фото: Општина Македонска Каменица
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.