• сабота, 23 ноември 2024

Во Македонска Каменица почна постапка за спроведување Јавна набавка за зимско одржување на локалните патишта

Во Македонска Каменица почна постапка за спроведување Јавна набавка за зимско одржување на локалните патишта

Македонска Каменица, 24 октомври 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица започна постапка за спроведување на Јавна набавка за зимско одржување на локалните патишта на целата територија на Општината, соопшти денеска градоначалникот Димчо Атанасовски.

Целта на Јавната набавка, како што стои во информацијата, е зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот на сите граѓани, без исклучок. 

- Одржувањето и проодноста на локалните патишта и улици е од витално значење за сите наши граѓани, особено за жителите од најкрајните планински населени места, каде движењето значително е отежнато поради обилни врнежи од снег, истакна Атанасовски

Пристапот до домовите на граѓаните, како во урбаната, така и во селските средини, според него, останува приоритетен и клучен сегмент во нашето работење.

- Јавната набавка предвидува набавка и испорака на ризла и сол за зимско одржување на локалните патишта и Чистење на снег и снежни наноси и посипување со сол и ризла на локалните патишта во општина Македонска Каменица за зимска сезона 2024-2025 година, додаде Атанасовски.

Сите заинтересирани за учество во јавната набавка како што посочи, повеќе детали со линк за пријавувањето може да побараат на општинската веб страница. вс/цр


Фото: Општина Македонска Каменица 

 

Остани поврзан