• понеделник, 18 ноември 2024

Во Македонска Каменица од утре поднесување барања за доделување еднократна парична помош за првачиња

Во Македонска Каменица од утре поднесување барања за доделување еднократна парична помош за првачиња
Македонска Каменица, 2 октомври 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица од понеделник започнува поднесувањето на барања за доделување еднократна парична помош за новите првачиња, информираа од Општината, од каде напоменаат дека пријавувањето ќе трае до 28.10.2022 година.
-Семејствата кои имаат прваче, од понеделник (03.10.2022) можат да поднесат барања за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3000 денари. Барањата треба да ги достават во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот-барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општината, истакнаа од Општината.
За успешно поднесување на барањата, семејствата со првачиња, како што додадоа, треба да поседуваат соодветна документација.
-Меѓу документите кои се потребни задолжителна е потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение издадена и заверена од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, уверение за жителство не постаро од шест месеци, фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател, како и други документи кои се објавени на општинската веб-страница, додадоа од Општината.
Сите овие мерки како што се посочува, се особено значајни во услови на енергетска и економска криза. Освен оваа поддршка за првачињата, за првите месеци од 2023 година најавено е и воведување бесплатна исхрана за дечињата во Детската градинка „Бамби“ и во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ за што ќе бидат издвоени средства од општинскиот буџет. вс/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан