• петок, 27 септември 2024

Во Македонска Каменица започна инсталацијата на нова водоводна линија на улица ,,Даме Груев"

Во Македонска Каменица започна инсталацијата на нова водоводна линија  на улица ,,Даме Груев

Македонска Каменица, 18 септември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица започна инсталацијата на нова водоводна линија  на улица ,,Даме Груев" во приградската населба Суво Маало, објавија денеска од Општината. Активностите, како што додадоа, се реализираат во рамки на редовните работни активности на Јавното претпријатие Камена Река.

- Екипи на претпријатието задолжено за одржување и нормално функционирање на водоводниот систем во Македонска Каменица работи на инсталација на нова водоводна линија на улицата ,,Даме Груев" во приградската населба Суво Маало. Со реализацијата на овој проект вршиме подобрување на водоснабдувањето во градот, истакнаа од Општина Македонска Каменица

Градежните работи за реализирање на оваа активност, како што додадоа оттаму се во должина од 110 метри.

- Вработените во јавното претпријатие работите ги вршат со зголемен интензитет и очекуваме истите да завршат во следните неколку денови, по што водоводната мрежа ќе биде целосно функционална, додадоа од Општина Македонска Каменица.

Со овие активности очекуваат обезбедување на поквалитетна и постојана услуга за граѓаните од оваа приградска населба. вс/цр

 

Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан