• вторник, 07 јануари 2025

Во Лос Анџелес вечер ќе бидат доделени наградите „Златен глобус“

Во Лос Анџелес вечер ќе бидат доделени наградите „Златен глобус“

Лос Анџелес, 5 јануари 2025 (МИА) - Во Лос Анџелес доцна вечер ќе се одржи 82. церемонија на доделување на „Златен глобус“, американските награди за филм и телевизија, а фаворит со десет номинации е филмот „Емилија Перез“ на францускиот режисер Жак Одијар.

Филмот доби номинации во различни категории, вклучително и за најдобра комедија, режија, актер, сценарио и најдобра споредна женска улога.

Меѓу фаворитите е канадскиот филм „Бруталист“, приказна за архитект кој го преживеал Холокаустот, со седум номинации.

Шест номинации доби „Конклава“, филм за папата.

Ѕвездите на филмовите „Бруталист“ и „Конклава“ се Адријен Броди и Ралф Фајнс во улогата на кардинал вмешан во интригите во Ватикан за избор на нов папа.

На списокот на фаворити е и филмот за пејачот и нобеловец Боб Дилан „Целосно странец“ во режија на Тимоти Шаламе.

Во конкуренција за најдобра актерка се натпреваруваат Анџелина Џоли за улогата на оперската дива Марија Калас, Никол Кидман за улогата во филмот „Babygirl“, Кејт Винслет, Фернанда Торес и Памела Андерсон за филмот „The Last Showgirl“.

Доделувањето на наградите „Златен глобус“ ја започнува сезоната на филмски награди во Холивуд.

„Златниот глобус“, американска филмска награда што ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари (HFPA) од 1944 година, често е показател за тоа кои филмови ќе го добијат престижниот „Оскар“. Годинава 97. доделување на „Оскарите“ ќе се одржи на 3 март. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан