• вторник, 24 декември 2024

Во Лондон завршија сослушувањата за 115 финансиски прекршоци на Манчестер сити

Во Лондон завршија сослушувањата за 115 финансиски прекршоци на Манчестер сити

Лондон, 10 декември 2024 (МИА) - Лондонскиот меѓународен центар за решавање спорови ги заврши сослушувањата за случајот со 115 финансиски прекршувања на Манчестер сити, пренесува „Дејли мејл“.

Пресудата треба да биде донесена во наредните месеци. Сепак, како што забележува изворот, страните најверојатно ќе поднесат жалба на која било од можните одлуки, па постапката би можела да продолжи до крајот на следната сезона.

Во февруари 2023 година, Премиер лигата го обвини Сити за 115 прекршување на финансиските правила. Се тврдеше дека клубот направил прекршоци од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18.

Доколку се докаже вината на Манчестер сити, тогаш за „граѓаните“ може да се применат разни санкции во форма на парични казни, одземање бодови или исфрлање од Премиер лигата во некоја од пониските дивизии на англискиот шампионат. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан