• петок, 27 декември 2024

Во Лисабон протест на неколку илјади државни службеници и работници за зголемување на платите

Во Лисабон протест на неколку илјади  државни службеници и работници за зголемување на платите
Лисабон, 19 март 2023 (МИА) - Неколку илјади државни службеници и работници од приватниот сектор од цела Португалија се собраа синоќа во Лисабон барајќи зголемување на платите и мерки за справување со зголемените трошоци за живот.

Насобраните скандираа „Трошоците за живот стануваат неподносливи“ и „Неприфатливо е да се биде посиромашн покрај работа“.

Протестот, на повик од синдикатите, доаѓа еден ден по националниот штрајк на државните службеници кои бараат зголемување на платите. Тој штрајк се одрази на работата на училиштата и болниците, додека ѓубреџиите не го собираа ѓубрето по улиците.

Синдикатите бараат и контрола на цените на основните прехранбени производи, помош за спречување на порастот на кириите и хипотеките, како и мерки за борба против социјалната несигурност.

Во текот на 2022 година, стапката на инфлација во Португалија достигна ниво од 7,8 отсто, највисоко во последните 30 години. паг/

Фото: ЕПА

 
 

Остани поврзан