• петок, 27 декември 2024

Во Либан запленета рекордна количина хашиш

Во Либан запленета рекордна количина хашиш
Бејрут, 10 април 2020 (МИА) - Либанската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 25 тони хашиш во пристаништето во Бејрут, а дрогата била наменета за африканска земја. Хашишот бил запленет во средината на март со помош на информации од полициската бригада за наркотици која го следела случајот веќе еден месец. Конвој со осум камиони кој влегувал во пристаништето во Бејрут бил запрен на време, соопшти полицијата. Пронајдени се огромни количини хашиш, околу 25 тони, а дрогата била професионално скриена во вреќи со земја, додаде полицијата, проценувајќи дека ова е најголемата заплена во Либан досега. јт/  

Остани поврзан