• недела, 28 јули 2024

Во Лас Вегас ќе се одржат 64. Греми награди

Во Лас Вегас ќе се одржат 64. Греми награди
Вашингтон, 3 април 2022 (МИА) – Во Лас Вегас вечерва се одржува 64. доделување на Греми наградите. Како и минатата година, церемонијата ќе ја води комичарот Тревор Ноа. Џастин Бибер, американската раперка Доџа Кет и Габриела Вилсон, позната под уметничкото име Х.Е.Р. имаат по осум номинации, а Били Ајлиш седум. Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена поради појавата на сојот омикрон. Греми, основана во 1959 година, е годишна награда за исклучителен придонес во музиката и дискографијата, која ја доделува Американската академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС). ми/

Тагови

Остани поврзан