• сабота, 27 јули 2024

Во Лас Вегас се одржа шампионска парада во чест на хокеарите кои го освоија Стенли купот

Во Лас Вегас се одржа шампионска парада во чест на хокеарите кои го освоија Стенли купот

Лас Вегас, 18 јуни 2023 (МИА) - Лас Вегас беше домаќин на шампионската парада во чест на победата на хокеарите на Голден најтс во Стенли купот.

 

Парадата се одвиваше по Лас Вегас Стрип, главната улица на градот на казината. На настанот присуствуваа околу 200 илјади луѓе, се наведува на официјалната веб-страница на НХЛ.

 

Во финалето на НХЛ плејофот, тимот од Лас Вегас ја совлада Флорида со 4:1 во победи. Клубот го освои Стенли купот за прв пат во историјата. зс/

 

Фото: nhl.com

Остани поврзан