• четврток, 19 декември 2024

Во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи

Во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Владата на денешната 103-та седница ја усвои информацијата за поддршка од САД во реконструкција на објект на Центарот за управување со кризи во Куманово, кој треба да прерасне во Центар за обука за да се унапредат капацитетите на системот за справување со природни катастрофи. -Кога ќе биде готов овој објект тој ќе биде целосно опремен за функционална работа на Центарот за обука, како и за сместување на Регионалниот штаб за управување со кризи во Куманово кој покрива 6 општини во североисточниот регион, вклучувајќи ги и пограничните региони со соседните земји Србија и Бугарија, информираат од владината прес-служба. аа/бак/

Остани поврзан