• четврток, 26 декември 2024

Во Куманово утре прв третман на терестична дезинсекција против комарци

Во Куманово утре прв третман на терестична дезинсекција против комарци
Куманово, 25 мај 2021 (МИА) - На подрачјето на Куманово утре ќе се спроведе прва терестична дезинсекција против комарци. - Се известуваат граѓаните дека на 26.05.2021 година (среда) во 00:00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши прв третман на терестична дезинсекција против возрасна форма на комарци. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на овој третман, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Општината. Претходно, во неколку наврати на зелените површини во градот беше спроведена дезинсекција против крлежи. По претходно објавен тендер, Општина Куманово, годинава склучи договор со избраната фирма „Плант Медика“ за 1.180.000 денари, која ги извршува услугите за запрашувања против инсекти, дезинсекција, дератизација, против крлежи, лебарки и комарци на подрачјето на Куманово. Третманите се спроведуваат во неколку наврати годишно. Со посебен тендер се врши и авионска дезинсекција. ам/ар/

Остани поврзан