• четврток, 26 декември 2024

Во Куманово промоција на романот „Најосамениот ден“ од Симеон Јанков

Во Куманово промоција на романот „Најосамениот ден“ од Симеон Јанков
Куманово, 22 септември 2022 (МИА) - Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вечер во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Најосаменото место“ од Симеон Јанков, информираа денеска од националната установа. Романот ќе го промовира Фросина Пармакоска. Во рецензијата промоторот ќе истакне дека „ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон мртвата сакана“. Симеон Јанков, посочува Пармакоска, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура“. Тој е роден 1981 година во Скопје, дипломирал на македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошки факултет. Во минатото се занимавал со проучување на словенската митологија, а во последните неколку години се занимава со проучување на врските меѓу македонскиот јазик и словенските јазици, од една страна, и останатите индоевропски јазици, од друга страна, фасциниран од нивната блискост, која најчесто не е воочлива на прв поглед, притоа служејќи се со литературата на некои од најголеми и најреномирани научници на тоа поле, како Макс Фасмер, Рик Дерксен, Олег Трубачев и други. Автор е на романите „Црна шума“ и „Најосаменото место“. Преведува од англиски, руски, српски и обратно. ам/дма/  

Остани поврзан